Настани b2ebb9f3-fd4c-4c60-94d5-1783aca5e380

14 февруари, 2015

Том Одел за вистинска љубов на „Егзит“!

Една од најголемите музички сензации на новата генерација и наградуваниот британски кантавтор Том Одел (Tom Odell), по настапите на најголемите светски фестивали како што се „Гластонбери“ и „Коачела“ ќе настапи за 15. роденден на „Егзит“ на главната бина во петок, 10 јули. Младиот Дејвид Боуви, како што го нарече Лили Ален, ја освои публиката и критичарите со дебитантскиот албум кој се искачи на првото место на британската топ листа, „Long Way Down“, а од кој се издвои и големиот хит-сингл „Another Love“.

 

Потврдата за вонсерискиот талент на 24-годишниот пејач, стигна во форма на две признанија кои секој музичар најмногу би ги посакал. Наградата за најголемо авторско достигнување „Ајвор Новело“ (Ivor Novello), Одел ја доби уште во 2014 година, а пред него ја освојуваа Питер Габриел, „Јуритмикс“, Дејвид Гилмор, Ерик Клептон, Фреди Меркјури и други музички икони. Том Одел и Сем Смит се и првите момци на кои им беше врачена наградата „БРИТ Критик Чоис“ (BRIT Critic Choice) по петгодишната серија на исклучителните дами Адел, Ели Гоулдинг, Џеси Џеј и Емeли Санде. Во моментов, 24-годишниот англиски пејач ги подготвува новите песни кои ја очекуваат публиката веќе на пролет во рамкиte на турнејата „Форест Лајв“ (Forest Live) на која како гости ќе настапат Роберт Плант и Палома Феит. Сè уште е актуелен неговиот последен хит сингл „Real Love“, обработка на истоимената песна на Џон Ленон, со која оваа зима Том ги освои европските топ листи и ја надополни плеjадата романтични песни како што сеI Know“, „Grow Old With Me“, „Hold Me и други. На прашањето дали зад неговите романтични стихови се кријат вистински искуства, ѕвездата на овогодишниот „Езит“ искрено одговара: „Скршеното срце ги пишува најубавите песни. А потоа се препознава во песната и те повикува со прашањето: сакаш ли повторно да се заљубиш?“.

Том Одел доаѓа од малиот град Чичестер, каде од својата седма година учи класичен клавир, а на тринаесет години ги пишува првите песни. Се школувал на два музички колеџа, истовремено работејќи како бармен и зграпчувајќи ја секоја пригода за настап и на најмалите клубски сцени. Во јуни 2013 година го објавува дебитантскиот албум „Long Way Down“ кој избива на првото место на британската топ листа, за потоа да следи поканата од „Ролинг стоунс“ да го отвори нивниот гигантски концерт во Хајд парк на 13 јули истата година! Иако тој ден ќе биде спречен од воспаление на белите дробови, неговите вонсериски настапи ќе ги забележат подеднакво големите фестивалски сцени како што се „Гластонбери“, „Коачела“, „Ти ин д Парк“, „Пинкпоп“, а оваа година оваа златна низа ќе се надополни со настапот на Петроварадинската тврдина, за специјалното, роденденско издание на „Егзит“!

Ова лето Егзит Аванатурата почнува во Нови Сад на 9 јули и ќе трае повеќе од десет дена, сè до финалето на будванската плажа Јаз на 18 јули! „Егзит“ фестивал го слави својот 15 роденден на Петроварадинската тврдина, а „Си Денс“ ја „брани“ актуелната титула за најдобар европски фестивал во категоријата до 40.000 посетители дневно. Своите настапи веќе ги потврдија „Моторхед“ (Motorhead), „Хардвел“ (Hardwell), „Клин бандит“ (Clean Bandit), Крис Либинг (Chris Liebing), „Рудиментал“ (Rudimental), Адам Бејер (Adam Beyer), „Сигма“ (Sigma), „Иглс оф дет метал“ (Eagles of Death Metal), „Рони Сајз Репрезент“ (Roni Size Reprazent), Вилкинсон (Wilkinson), „Октав уан“ (Octave One), „Зомбој“ (Zomboy) и други, а во наредниот период, порано од било кога досега, ќе бидат редовно објавувани изразито актуелни и од публиката многу барани изведувачи за над 30те фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Влезниците за фестивалот „Егзит“ се достапни по цена од 3.599 денари, а за „Си Денс“ фестивал 2.240 денари. Единствената влезница за повеќе од десет дена на „Егзит“ Авантурата од Петроварадин до Јаз, можат да се набават за само 4.299 денари преку продажната мрежа на МКтикетс или во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). За сите кои сакаат покрај влезниците на време да го осигураат и сместувањето на двата фестивала, пакетите можат да ги најдат на сајтот www.exittrip.org, официјалната туристичка агенција на „Егзит“.



Врати се горе ↑