Свет 1998_521883864510061_1044980169_n

23 јануари, 2013

Том Одел ќе го издаде деби албумот во април

Британскиот пејач, текстописец и добитник на овогодинешната награда Critics Choice на Британските музички награди, Том Одел откри детали за неговиот деби албум насловен „Long Way Down“, кој ќе го објави на 15-ти април. На албумот ќе се најде и нумерата „Another Love“, како и новиот сингл „Hold me“.

Зборувајќи за албумот, Одел изјавил: „Се надевам дека албумот ќе биде човечки и реален и дека ќе има несовршености, бидејќи токму тие ќе го направат посебен. Кога е во прашање тага, сакам да биде навистина тажно, а кога е среќа, сакам да се чувствува еуфорија… Претпоставувам дека сакам албумот да ги изразува интензивните чувства и емоции кои ги доживуваме сите.“

Во продолжение погледнете го списокот на песни кои ќе се најдат на неговото првенче:

‘Hold Me’
‘Another Love’
‘Grow Old With Me’
‘I Know’
‘Sense’
‘Can’t Pretend’
‘Supposed To Be’
‘Till I Lost’
‘Long Way Down’
‘Sirens’

Извор: NME

 



Врати се горе ↑