Настани Tom Novy Photo

1 февруари, 2013

Tom Novy повторно пред скопската публика

Во индустрија каде што диџеите и продуцентите брзо доаѓаат и брзо си одат, Том Novy изгради кариера од преку 18 години! Постигнувајќи бројни големи хитови, не постои дел од денс-музката во светот каде што Том Нови не го заразил со својата енергија и неверојатно чувство за добра забава.

Токму поради овие причини SUN PRODUCTION го потврди неговиот настап во живо, на 16-ти февруари во СЦ Борис Трајковски. Како домашна подршка на еден од најголемите хит-мејкери на сите времиња, ќе можеме да ги чуеме: Бабура, Боби и Даре. Стартот на забавата е 23:00 часот.

Влезници во предпродажба по супер промотивна цена од 200 денари почнувајќи од среда, 7мифевруари, додека пак од 14ти до 16тифевруари 250 денари, во ЈУГОТОН и дистрибутивната мрежа на МК ТИКЕТС.

Германскиот диџеј и продуцент почнувајќи од Минхен, Германија, цврсто се постави на денс-музичката сцена од 1995 година, кога го издаде својот прв сингл „I House you“, кој веднаш се најде на  топ 10 на German Dance Chart. Следната година Том го објави хитот „Superstar“, со што доби дополнително меѓународно признание. Во 1998 со траката „I Rock“, го зацементира своето место на европската денс-сцена дури до 18 недели на Airplaytop 100.

Со континуирани изданија од највисок квалитет, настапи низ целиот свет и радио емисии , се чини дека ќе има уште многу повеќе да се додаде во приказната на Том Novy

 



Врати се горе ↑