Настани Tom Novy2

15 август, 2013

Том Нови во летниот клуб Колосеум

Том Нови е човекот кој заслужно ја отвора втората половина од летната сезона на летниот клуб Колосеум. Со сет од 3 часа, максимална енергија, преслушување на најголемите хитови, забава под отворено небо и урбан пулс го назначуваме почетокот на вториот серијал најдобри забави во градот. Стартот на забавата е закажан за 00:00 часот, во сабота на 17-ти август. Локацијата добро позната – летен клуб Колосеум, а влезниците веќе во предпродажба по промотивна цена од 200 денари во: ЈуготоН ГТЦ прв кат, Камарад Рамстор, Цвеќара Розе Веро 2 и сите продажни места на МК Тикетс.

По настапот во Порторош, германскиот диџеј и продуцент Том Нови директно во Скопје, а од тука Холандија, Грузија, Украина, Јужна Африка… Бидете дел од собирот на еден од најголемите хит мејкери на сите времиња – TOM NOVY во Клуб Колосеум! Се загреваме со диџеите на Антена 5! Не пропуштајте!



Врати се горе ↑