2 март, 2013

Том Јорк танцува во новиот спот на Атомите за мир

Том Јорк, основачот и фронтмен на групата Рејдиохед, еден од највлијателните бендови на денешницата, во една прилика изјавил: „танцувајте како никој да не Ве гледа“, а како се прави тоа своевремено покажа во видео записот за песната „Lotus Flower“. Истата екипа која стои позади тоа феноменално остварување, го направи и видео записот за песната „Ingenue“ на групата Атомс фор пис (Atoms For Peace), чиј деби албум насловен „Amok“ беше објавен неделава. Имено, видео записот го осмислил и режирал Гарт Џенингс, за кореографијата бил задолжен Вејн МекГрегор, а на Јорк на подиумот му се придружи и современaта танчерка Фукико Такасе.

Само за потсетување, Атомс фор пис е супергрупа во која покрај фронтменот на Рејдиохед – Том Јорк, свират и легендарниот басист на Лутите пиперчиња – Фли, познатиот продуцент на составот Рејдиохед – Најџел Годрич, како и тапанарот на Р.Е.М. и БекЏои Варонкер и бразилскиот виртуоз и перкусионист Мауро Рефоско.

Публиката на овогодинешниот фестивал ЕГЗИТ ќе има можност да ужива во нивниот настап, кој ќе биде дел од нивната прва турнеја, а новиот видео запис можете да го погледнете горе.

Извор: MTV.rs

 



Врати се горе ↑