Свет ty

29 декември, 2014

Том Јорк е музичар со најмногу платени симнувања за 2014 година

Том Јорк се најде на првото место на листата на сервисот „Бит торент“ како музичар со најмногу платени симнувања за 2014 година, пренесува „Њу мјузикал експрес“. Фронтменот на бендот „Рејдиохед“ својот втор соло албум „Tomorrow’s Modern Boxes“ го објави на веб страната „Бит торент бандл“ (BitTorrent Bundle). Преку 116.000 луѓе бесплатно го симнале синглот „A Brain In A Bottle“ заедно со видео записот, и тоа во првите 24 часа од објавувањето. Потоа, симнувањето било достапно за целиот албум по цена од 3,86 фунти.

Јорк изјавил дека ова е „експериментален“ начин на диструбуција на албумот со помош на новата верзија на сервисот „Бит торент“, а продуцентот на албумот, Најџел Годрич, објаснил дека: „Ако ова успее, би можело да биде ефикасен начин на кој авторите би имале некаква контрола врз размената и заработувачката на интернет.“

Листата на 10 музичари со најмногу платени симнувања на „Бит торент“ во 2014 година можете да ја погледнете во продолжение:

  • 1. Том Јорк (Thom Yorke)
  • 2. Дипло (Diplo)
  • 3. Граматик (Gramatik)
  • 4. „Де ла соул“ (De La Soul)
  • 5. „Зедс дед“ (Zeds Dead)
  • 6. Џи-изи (G-Eazy)
  • 7. Ејс Худ (Ace Hood)
  • 8. „Мед дисент“ (Mad Decent)
  • 9. „Винил Вилијамс“ (Vinyl Williams)
  • 10. „Хандред вотерс“ (Hundred Waters)


Врати се горе ↑