7 април, 2015

Том Хенкс и Џастин Бибер во новиот видео запис на Карли Реј Џепсен

Канадската ѕвезда Карли Реј Џепсен, која во 2012 година се прослави со хитот „Call Me Maybe“, на почетокот на минатиот месец го објави својот повратнички сингл насловен „I Really Like You“ , а за да направи вистински бум со враќањето на музичката сцена, за видео записот го ангажираше познатиот холивудски актер Том Хенкс, како и колегата Џастин Бибер.

„Песната е за оној момент во врската кога е прерано некому да кажете дека го сакате, но го поминавте и моментот на допаѓање и веќе сте влегле во фазата кога ’навистина ви се допаѓа’“, објаснува пејачката, а како изгледа екранизацијата за „I Really Like You“ можете да погледнете горе.

Покрај новиот видео запис, Џепсен деновиве ја објави и баладата „All That“, во која гостува гитаристот Дев Хајнс и за која рекла дека е срцето на нејзиниот нов албум. За материјалот на претстојното издание, кое се очекува да биде објавено наскоро, Карли се инспирирала од музиката од осумдесеттите години, што може да се забележи токму во овој сингл. И самата пејачка во неодамнешно интервју изјавила дека Хајнс направил оваа песна да звучи како „старата, добра Мадона“.

 

 



Врати се горе ↑