Концерт 10009317_10152233093520772_343648267_n

4 април, 2014

Том Џонс на 15 јуни во Белград

Легендарниот британски пејач Том Џонс на 15 јуни ќе одржи концерт во познатата „Комбанк арена“ во српската престолнина. Започнувајќи од крајот на април па сè до август годинава, во рамките на претстојната турнеја „Hear Me Out“, 73-годишниот музичар ќе настапи во бројни градови ширум САД, а покрај Шпанија, Естонија, Унгарија, Шведска, Данска, Латвија, Полска и Велика Британија, единствениот концерт на Балканот ќе го одржи во соседна Србија.

Неговиот прв настап во белградската арена беше во 2009 година, кога бројната публика 2 часа се забавуваше се неговите најголемите хитови од полувековната кариера. Иако е познат по хитовите како што се „She’s A Lady“, „Kiss“, „Delilah“, „If I Only Knew“, „Sex Bomb“, „Green Green Grass Of Home“, Џонс пред сè е рокер со блуз душа. Во 2010 година го објави својот 39-ти студиски албум насловен „Praise & Blame“ кој доживеа голем успех, а потоа во 2012 го претстави „Spirit in the Room“.  Во изминативе години, сер Том Џонс има улога на судија и ментор во британската верзија од музичкиот натпревар „The Voice“, чија трета сезона ќе заврши токму оваа сабота, кога е закажано големото финале.

Влезниците за концертот во Белград се пуштени во продажба од 2 април, а можат да се набават преку продажните мрежи на Комбанк Арена и Eвентим.



Врати се горе ↑