Македонија nokaut

16 март, 2016

Толку од „Нокаут“?

Во деведесеттите беа најпопуларната македонска група, а во славата уживаа и по враќањето на сцената пред неколку години. Но, по голем број настапи и концерти, сепак дојде крајот за „Нокаут“. Прв кој замина од препознатливата група беше Франц, кој некое време беше и во конфликт со Пере заради авторските права врз името „Нокаут“.

hitportal-franc-1

Страстите се смирија откако Франц со својата сопруга Ема се пресели во Лос Анџелес, САД, каде што живее во моментов, а истото го направи и Пере. Фронтменот на „Нокаут“ веќе неколку недели со своето семејство живее во Шпанија. Овој пат со сигурност заврши една ера во македонската музика, но песните на „Нокаут“ остануваат.

Сепак, ние се надеваме дека ова не е дефинитивен крај и дека можеби во иднина повторно ќе нè почестат со по некоја нова песна, па можеби и по некој концерт за потсетување на старите добри времиња.

Извор и фотографии: hitportal.com.mk



Врати се горе ↑