29 април, 2016

„Токсиколозите“ го промовираа новиот албум и видео записот за „Подобар“

Вчера во МКЦ, групацијата „Токсиколози“ концертно го промовираа својот нов албум „Пушти глас“, кој го најавија со темата „Не се дише“, како и видео записот за песната „Подобар“. Во спотот се појавуваат и Тони Зен, Лириковен Пироман, Зее Бомб и Туте. Стиховите, секако, се дело на „Токсиколози“ (Сиги, Кацар и Џоле), музиката е на Туте (Дром рекордс), а зад камерата и светлото беа Гоги Полизов, кој го режираше видео записот, и Кристијан Теодоров.

подобар2

Новиот албум, чија промоција се одржа во рамките на првото издание на фестивалот „Бронкс“, содржи 17 песни, меѓу кои и соработките со диџеите Чваре и Дрази Драгз, со групата „Аномалиа натива“ и со Даниел Кајмакоски.

пушти глас



Врати се горе ↑