10 јуни, 2014

Токсиколози со видео запис за „Сељаци“

Три карактери, една приказна, една автентична локација и една „сељачка“ атмосфера може да се види во новото видео на групацијата Токсиколози. Критикуваат меѓу редови, сатирично, за тоа како изгледа кога еден „сељак“ се однесува за да го забележат во центарот на градот (кој било град, бидејќи сељачизмот е општо проширен нели). Музиката е на Номадуз, микс/мастер на Марко Наумовски, за монтажа на видеото се погрижи Кирил Манчевски, а организатор/режисер/камерман/светло е заслуга на човекот кој стои зад скоро сите видеа на Сиги, Кацар и Џоле, тоа е Кристијан Теодоров – Кики.

Видеото е снимено во мезе бар „Сопотско“, каде Токсиколозите мезат и пијат додека објаснуваат карикирано што мислат за дадената тема: „Не сакаме да навредиме никој, само посочуваме дека не е кул да си сељак…. не селанец, туку СЕЉАК!“,објаснуваат Токсиколозите за да не дојде до недоразбирање.



Врати се горе ↑