24 јануари, 2014

Токсиколози со нов видео запис: „Читај меѓу редови!“

По заедничката песна со Даниел Кајмакоски, Токсиколозите имаат уште еден новитет. Станува збор за нов видео запис за песната насловена „Читај меѓу редови“, која го носи мотото на оваа групација на кое лежи соодветниот рачен знак со 3 прсти. Музиката е на Илија Крстевски – Слика, а аранжманот/микс и мастерингот е на Марко Наумоски.

Снимател на новото видео (како и на сите нивни видеа) е Кристијан Теодоров – Кики, а се снимаше на повеќе локации низ Европа: Епинал (Франција), Трст и Ријека. Како продуцент на видеото се потпишува Александар Пауновски – Леце, а видео обработката е на Кирил Манчевски.

Токсиколози оваа година работат со полна пареа, а нивната порака е јасна и едноставна: „Гледај си го своето и читај меѓу редови!“



Врати се горе ↑