Аудио

27 јануари, 2017

„Токсиколози“ го претставуваат „Мојот кварт“

„Мојот кварт“ е насловот на новата песна на „Токсиколозите“, чија продукција ја потпишува колегата Кискинов, кој е дел од струмичката хип-хоп „Дивизија“.

„Хип-хопот и музиката општо е нашиот начин на изразување, едноставно потреба без која што не можеме самите ние, нешто што произлегува од животот во некоја форма и стигнува до луѓето преку некој медиум. Ситуацијата во која што грото се наоѓа, на еден или на друг начин, го наведува и инспирира секој созреан артист со посериозен пристап во изразувањето што е дел од овој систем, вложува, сака да го работи тоа што најмногу го исполнува и бара чесно место во ова општество, да твори и размислува на вакви теми…За жал или за среќа“, велат момците, а како звучи нивниот „Кварт“ можете да слушнете во продолжение.

Една љубов, хип-хоп! Продолжуваме со полна пареа! Пушти глас!



Врати се горе ↑