21 март, 2013

Токсикологија мјузик се приклучува на еколошкото движење

Коалицијата „Екологијата Приоритет” во рамките на својата кампања „Сакаме кул градоначалници за жешки точки!“ во соработка со македонската хип хоп издавачка куќа Токсикологија мјузик најавуваат нова песна и спот со цел информирање и потикнување иницијатива кај граѓаните за решавање на големиот проблем со загадувањето во државата.

Песната насловена „Направи чекор” испраќа порака до сите граѓани и надлежните власти да превземат одговорност за еколошките жешки точки и да се активираат во нивното конечно решавање. Спотот е сниман на различни локации во Скопје и навестува навикнување на животот под гас маски доколку не се преземе нешто. Сите останати информации може да ги најдете на фејсбук страницата „Жешки точки во Македонија“.

Во прилог слушнете ја песната и погледнете го новиот видео запис на Пука козметика и Скитара од Токсикологија мјузик, чија музика и аранжман ги потпишува Скитара, текстот е на Пука козметика, а за видео записот се погрижија Дарко Масларковски (режија), Кристијан Теодоров (камера), Жарко Масларковски (монтажа и пост продукција) и организација и продукција од Марко Соколовски (Go Green), Дарко и Жарко Масларковски.



Врати се горе ↑