Аудио

29 мај, 2019

Тод Хејз со одличен ремикс на „Доволни“ од „Сирилик“ и Валери

Прилепското дуо „Сирилик“ и велешанката Валери Димовска во февруари годинава ни ја претставија одличната соработка насловена „Доволни“, која веднаш наиде на позитивни критики од слушателите, а овој хит сега можеме да го слушнеме и во ново руво. Имено, „Доволни“ деновиве си доби и ремикс-издание за кое се погрижи Тод Хејз, псевдоним зад кој се крие продуцентот Ненад Тодоровски.

Тој претходно направи ремикс и на хитот Во тебе се гледам, а за македонската публика е познат и по темите „Сонце ме крена“ со Марлон Брандо, „Set Me Free“ и „Turn Up The Bass“ со Ивајо, додека во регионот постигна успех со соработката со романската музичка компанија „Ротон мјузик“, која го издаде неговиот ремикс на „Hurt You“.



Врати се горе ↑