Концерт zabranjeno

1 февруари, 2013

Точно 15 дена, па потоа Забрањено Пушење во Скопје!!!

Ветераните од Забрањено пушење, тесно поврзани со движењето „Новиот примитивизам“ и со култната југословенска хумористична серија „Топ-листа надреалиста“, по фестивалот „Турборок“ пред две години, повторно преку црн хумор и рокенрол ќе ги забавуваат своите обожаватели.

Бендот кој настана во 1980 година од група клинци кои заедно идеа во гимназија во Сараево, мереа улици и свиреа по гаражи ќе го одржи својот ексклузивен, интимен концерт со ограничен број на карти во клубот Social.

Легендарниот rock’n’roll состав: Сејо Сексон (односно Давор Сучиќ), Роберт Болдижар-Роби, Антун Ловиќ-Тони, Бранко Трајков-Трак, диџеј Паво, односно Пол Kемпф и Дејан Орешковиќ-Kло се  момците кои на 16.02.2013 година во скопскиот клуб Social, на своите вистински фанови ќе им приредат вистински концерт за паметење.

Од денес картите се пуштени во претпродажба по цена од 300 денари, додека пак од 12.02 – 16.02 цената на билетите ќе изнесува 400 денари. На денот на концертот картите на врата се по цена од 500 денари. Вкупниот број на карти кои се пуштени во продажба се во ограничен број т.е само 400 карти.

По војната, придружниот бенд на „Топ-листа надреалиста“ стана јадрото на новото Забрањено пушење, а под водство на Сејо, до денес го продолжува наследството на овие херои од албумот „Филџан вишка“ во 1997 година по кој тргнуваат на голема европска турнеја.

Две години подоцна излезе второто издание по војната „Агент тајне силе“, на кое се популарните песни „Југо 45“, „Пос’о, куча, биртија“ и „Пупољак“. Во 2001 година го издадоа „Бог вози мерцедес“, можеби најуспешниот босанско-херцеговски албум на тамошната рок-сцена. Почетокот на 2006 година тие сè уште беа концертно и студиски активни, а доказ за тоа е синглот „Нема више“, кој го најави албумот „Ходи да ти чико нешто да“ и музика за филмот „Нафака“ на Јасмин Дураковиќ. Во ноември 2009 година групата го идзаде својот последен албум „Музеј револуције“.

Култен бенд кој во моментов позади себе има долга и богата кариера. Импозантнтата бројка од 9 студиски албуми, три компилации и 2 live албума ги направи еден од најпознатите музички имиња на овие простори.



Врати се горе ↑