Балкан 12141522_1212986422061772_3578084747575140540_n

7 октомври, 2015

Ткач најавува нов албум со „Мачевање“

В сабота, 10 октомври, во 17 часот на каналот на „Басивити дигитал“ на Јутјуб, под етикетата „Лапмшејд медија“, Ткач ќе ја објави песната „Мачевање“, прва од деветте што ќе се најдат на истоимениот албум, кој дефинитивно носи свежина на регионалната музичка сцена.

„Овој албум содржи цунами од настани, идеи и визии“, вели Ткач, додавајќи: „Добро е што имав сила да го направам. Поздрав за сите пријатели кои веруваа дека можам!“

Додека ја чекаме новата песна, кој е Ткач можете да пробате да откриете во песните на „Тремендум“, неговата матична група, или групите „3полис“ и „Деца Апокалипсе“, за кои Ткач рапувал и пишувал текстови. Засега толку, бидејќи музичарот не сака да открие премногу и да ја сруши завереничката атмосфера која повеќе од секогаш владее во редовите на „Тремендум“. Екипата таинствено се смешка и молчи, како да подготвува нешто големо.

Секоја наредна сабота во следните неколку месеци, на каналот на „Басивити дигитал“ на Јутјуб ќе можете да слушнете по една нова песна од албумот „Мачевање“. Дотогаш уживајте со последниот сингл „Све што воле млади“!

 



Врати се горе ↑