Настани dj1

25 јули, 2013

TK Wonder и Кирил Џајковски подготвени за фестивалот Love&Happiness

Македонскиот музички гениј Кирил Џајковски и неговиот енергичен бенд се подготвени за настапот на фестивалот Love&Happiness. Маестралниот Џајковски заедно со бендот во живо ќе се претстават во поцврста, „стегната“ варијанта, совршена за слушање под отворено небо. Сите посетители на фестивалот ќе имаат можност да слушнат добро избалансирана мешавина на традиција и современост, енергија и опуштеност, софистицираност и уличен стил.

Вокалот на TK Wonder е само јаготка на шлагот на фузираниот звук од повеќе стилови, а за тоа што најавува на сцената погледнете од видео поздравот на следниот линк.

Официјалниот распоред на Love&Happines 2013 e:

Main Stage /Втора плажа/

Концертен настап во живо на Кирил Џајковски заедно со својот бенд

Македонска поддршка:

  • Диџеј Бабура
  • Диџеј Боби
  • Диџеј Бранчес

Trance stage: /Трета плажа/

  • Cosmosis
  • Archaic
  • Imaginary Sight
  • Galactic Explorers
  • Djantrix
  • Kox
  • Albiorix

Влезниците во предпродажба во ОНЕ салоните ширум републиката, МК Тикетс дистрибутивната мрежа и Југотон ГТЦ по промотивна цена од 400 денари. Влезниците на врата ќе се продаваат по цена од 500 денари.

Во продолжение уживајте со новиот видео запис за најновиот сингл „Spin Off“.

 

 



Врати се горе ↑