Аудио Amajlija bendnn

12 ноември, 2012

„Тивко следи ме“ е новата песна на Амајлија Бенд

„Тивко следи ме“  е насловот на новата песна на четиричлениот бенд Амајлија, со која момците дебитираа на овогодишното издание на фестивалот на забавни мелодии МакФест и оставија одличен впечаток кај публиката со интересниот стајлинг и сценскиот настап. Музиката и аранжманот на композицијата се авторско дело на Димитар Димитров, а текстот го напиша Јован Јованов. Можете бесплатно да ја симнете на следниот линк.

Амајлија – Тивко следи ме ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

„Реномето кое го има МакФест како еден од ретките фестивали во земјава на кој се пее во живо, беше доволен предизвик за повторно да се активираме на македонската музичка сцена со нова песна, настапувајќи токму на овој фестивал. Реакциите на публиката во Штип беа одлични, а се надеваме дека песната им се допаѓа и на слушателите ширум цела Македонија“ – изјавуваат Александар, Оливер, Влатко и Адам.

Промовирањето на „Тивко следи ме“ е само дел од активностите на Амајлија Бенд периодов. Освен на клубските свирки, бендот паралелно работи и на снимање на нова песна, која ќе биде овековечена и со видео запис, а полека го подготвуваат и материјалот за нивниот деби албум.

Во продолжение погледнете го уште еднаш настапот на МакФест.

Објавените материјали се во интерес на посетителите на музичкиот портал РадиоМк, одобрени за нивно превземање.  Не одговараме за нивната понатамошна дистрибуција и начин на емитување. Избраните композиции по нивното превземање се на Ваша одговорност.


Врати се горе ↑