Балкан

18 јануари, 2018

Титулата се враќа на Балканот – „Егзит“ е официјално најдобар европски фестивал!

„Егзит“ е официјално најдобар фестивал во Европа, објавено е синоќа на доделувањето на Европските фестивалски награди во Холандија! „Егзит“ победи во главната категорија во конкуренција со вртоглави 350 фестивали од повеќе од 35 земји, со повеќе од милион гласови од публиката и мислењето на стручното жири составено од најеминентните луѓе од светската музичка индустрија. Егзитовите фестивали беа во финалето во дури шест категории, а самиот „Егзит“ во рекордни три категории, вклучувајќи ја и освоената награда за најдобар европски фестивал, како и категориите за најдобар фестивалски организатор во Европа и „Take a Stand“ (Заземи став) за општествен активизам!

Основачот на фестивалот „Егзит“, Душан Ковачевиќ во оваа пригода изјави: „Навистина е неверојатен успех по само четири години повторно да се освои најважната фестивалска награда на светот! И тоа во најтешката категорија, каде што се најголемите европски и светски фестивали со буџети и над десет пати поголеми од нашиот. Со ова ’Егзит летото на љубовта 2017’, кое се состоеше од 4 фестивали во Нови Сад, Умаг, Будва и Темишвар, со преку 350.000 посетители, запишано е со златни букви во светската фестивалска историја. Токму на Балканот му ја посветуваме оваа награда со желба Егзитовите, сега веќе 5 фестивали во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Романија, да придонесат во нашиот регион да се шират пораките за љубов и пријателство. Исклучителната година е зад нас, а во оваа пред нас имаме уште поголеми планови кои сега ќе биде многу полесно да се претворат во реалност!“

Музичките гиганти гласаа за својот омилен фестивал – EXIT: 

 

„Егзит“ во конкуренцијата за главната награда беше со другите европски фестивалски гиганти, како што се „Гластонбери“, „Роскилде“, „Тумороуленд“, „Сигет“ „Лоулендс“ и многу други. Ова е втора по ред шампионска титула која „Егзит“ ја освои на Европските фестивалски награди уште од нивното оформување во 2010 година, а секоја година е во најтесниот избор за најдобрите европски фестивали. Претходно, „Егзит“ ја освои најградата за најдобар голем европски фестивал на Европските фестивалски награди за 2013 година, додека во 2007 беше изгласан за најдобар европски фестивал надвор од Велика Британија од страна на Британските фестивалски награди. Инетерсно е дека синоќа триумфираше и миленикот на публиката од минатогодишниот „Егзит“, „Рег-ен-боун мен“ (Rag’n’Bone Man), кој е прогласен за најдобра нова ѕвезда во Европа! Победниците ги избира публиката од цела Европа, заедно со стручното жири, кое го сочинуваат истакнати поединци од светот на фестивалската индустрија, а листата на добитници се наоѓа на официјалниот сајт.

EXIT Festival 2017 | Official Aftermovie:

 

Тимот на „Егзит“ оваа година го претставува најголемиот фестивалски потфат досега, под името EXIT Freedom 2018, кој го сочинуваат дури пет фестивали во пет земји. Ги предводи официјално најдобриот европски фестивал EXIT, а прв на ред е Festival 84 на олимписката Јахорина. Следуваат Sea Star во Умаг и Revolution во Темишвар, како увертира за најголемото собирање на местото кое ја чува титулата, Петроварадинската тврдина, додека за самата завршница на летото резервиран е Sea Dance, кој наградата за најдобар фестивал до 40.000 посетители дневно ја освои пред три години. Покрај „Егзит“, финалисти во своите категории беа и „Си денс“, „Си стар“ и „Револушн“.



Врати се горе ↑