Концерт 10458011_10152540137228919_6551932523463485750_n

24 јуни, 2014

Тито и Тарантула на 17 јули во Скопје

Култниот калифорниски состав Тито и Тарантула доаѓа во Скопје, а нивниот настап на 17 јули во летниот камп „Кастро“ на градската плажа „Камен мост“ е дел од летната европска турнеја. Бендот оформен во 1992 година во Холивуд од страна на лидерот, вокалист и гитарист Тито Ларива, е најпознат по нивните големи рок хитови  „After Dark“, „AngryCockroaches“, „Back To The House That Love Built“, „Strange Face Of Love“, како и по легендарната улога на бендот во филмот на Роберт Родригез,  „Од самрак до зори“. Групата во овој филм  ја изведува култната тема  „After Dark“ во клубот Тити Твистер додека сексапилната Сaлма Хаек ужива во егзотичен танц со голем питон околу вратот.

Почетокот на концертот е во 21 часот, а  влезниците во претпродажба ќе бидат по цена од 300 денари.

 

 



Врати се горе ↑