Свет justin-timberlake-the-2020-experience-photo-shoot-tom-munro-main-600x450

17 јули, 2013

Тимберлејк одговори на обвиненијата за новиот сингл

Џастин Тимберлејк неодамна беше обвинет за насловот на неговиот актуелен сингл, а како што пренесоа американските медиуми, претставници од фондацијата „Take Back The Night“ која се бори против сексуалното насилство изјавиле дека пејачот не ги консултирал во врска со истоимениот наслов на песната. Откако адвокатите на фондацијата му ги предочиле сличностите на пејачот, тој ја дал следната изјава:

„Сакав да ја искористам оваа прилика на сите да им дадам до знаење дека ниту јас, ниту мојата песна немаме никаква врска со оваа организација. Се заинтересирав да дознаам повеќе детали за фондацијата Take Back The Night, трогнат сум од нивните напори да го запрат насилството врз жените, да создадат безбедни заедници и да ги охрабрат жените да имаат врски во кои ќе бидат почитувани, а тоа е нешто кон кое треба да се стремиме сите. Се надевам дека оваа коинциденција ќе придонесе да се зголеми свеста за оваа проблематика.“

Пред Тимберлејк да ја даде својата изјава, претставничката од фондацијата Кетрин Костнер изјавила дека кога се обиделе да го контактираат пејачот, се јавил само неговиот агент кој им рекол дека „Џастин немал слушнато за таа фондација пред да ја напише песната“, а таа им одговорила: „Не знам во која земја живеел тој во меѓувреме. Веројатно ова некако останало надвор од неговото поле на интерес. Но, некој од неговиот тим кој е задолжен да внимава на овие нешта не си ја завршил работата.“

Извор: PopCrush

 



Врати се горе ↑