Свет Screen-Shot-2013-06-06-at-10-600x450

6 јуни, 2013

Тимберлејк и Џеј Зи во студио со Тимбаленд и Нас

Очигледно е дека Џастин Тимберлејк и Џеј Зи во комбинација со Тимбаленд подготвуваат нови хитови. По враќањето на музичката сцена со хит синглот „Suit & Tie“ и новиот албум „The 20/20 Experience“, ѕвездите наскоро ќе ја започнат веќе распродадената летна турнеја. Но забавата не завршува тука: Тимберлејк, Џеј Зи, Тимбаленд и Нас неодамна заедно влегоа во студио, како што може да се види на фотографијата горе, која на својот Instagram профил ја објави Лени Сантијаго од Деф Џем, опишувајќи ја со зборовите: „За некои ова е “работа“…. За нас е само забава.“

Сè уште не е познато на што точно работеле четворицата колеги, но голема е веројатноста оваа песна да се најде на вториот дел од „The 20/20 Experience“, кој се очекува да излезе на 30-ти септември.

 



Врати се горе ↑