Свет Justin-Timberlake-Suit-Tie-Tracklisting-Album

7 февруари, 2013

Тимберлејк ги откри насловите од новиот албум

Како што се наближуваме до 19-ти март, датумот кога ќе биде објавен новиот албум на Џастин Тимберлејк, пристигнуваат сè повеќе информации за него. Покрај најавниот сингл „Suit & Tie“, за кој во подготовка е и видео запис, на „The 20/20 Experience“ ќе се најдат уште 9 други нумери. Две од нив беа премиерно изведени деновиве на неговиот настап во Њу Орлеанс, а како тоа звучеше и изгледаше можете да се потсетите овде. А сега пристигна и целосниот список на песни кои ќе се најдат на ова издание.

Иако насловот на самиот албум е инспириран од тоа што тој снимил 20 песни за 20 дена (а снимањето ќе биде овековечено во документарен филм), сепак ова издание ќе содржи само 10 нумери. Познато е дека покрај Џеј Зи и Тимбаленд, Џастин соработувал и со Ти Ај, но освен насловите на песните, не е познато дали и колку други колеги ќе гостуваат на ова издание. Насловната фотографија која ја направи Том Манро, го прикажува Џастин застанат позади оптички апарат, каков што користат очните доктори (техничкиот термин е „фороптер“).

Погледнете го списокот на нумери од „The 20/20 Experience“

1. ‘Pusher Love Girl’
2. ‘Suit & Tie’
3. ‘Don’t Hold the Wall’
4. ‘Strawberry Bubblegum’
5. ‘Tunnel Vision’
6. ‘Spaceship Coupe’
7. ‘That Girl’
8. ‘Let the Groove Get In’
9. ‘Mirrors’
10. ‘Blue Ocean Floor’

Извор: PopCrush



Врати се горе ↑