Аудио timbaland-missy-elliot-t-pain-lil-wayne

3 јануари, 2013

Тимбаленд, Миси Елиот, Лил Вејн и Ти-Пејн со заедничка песна

Познатиот продуцент и рапер Тимоти Закери Моузли (Timothy Zachery Mosley), познат како Тимбаленд на 1-ви јануари оваа година го претстави неговиот новогодишен подарок. Станува збор за нумерата „The Party Anthem“ во која гостува „dream team“ екипата составена од Лил Вејн, Миси Елиот и Ти-Пејн. Песната доаѓа во рамките на неговиот серијал #TimboGiftBag каде што преку сервисот Твитер на фановите им „подарува“ линкови на новите материјали, а за сега не е познато дали оваа песна ќе се најде на неговиот нов албум „Shock Value III“, кој се очекува оваа година. Во продолжение преслушајте ја „Химната на забавите“ од популарните изведувачи, a достапна е и за бесплатно симнување.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑