Свет timbaland

26 јули, 2013

Тимбаленд: „Алија ми беше како сестра“

И Дрејк и Крис Браун објавија синглови во кои искористија снимки од гласот на прерано починатата пејачка Алија, но ниту еден од нив не побарал помош од Тимбаленд, кој ги продуцирал сите нејзини албуми. По тој повод, во интервју со магазинот Revolt, продуцентот изјавил дека тие песни „нема да запалат“, бидејќи тие не ја разбирале пејачката која „му била како сестра“. Песната „Don’t Think They Know“ во која се слуша гласот на покојната пејачка, Крис Браун ја претстави како втор сингл кој го најавува неговото шесто студиско издание „X“.

Годинава Тимбаленд соработуваше со Џеј Зи и Џастин Тимберлејк, кои ќе се појават и во новата песна на раперот Нас насловена „Sinatra in the Sands“, во која Тимберлејк „звучи како Френк Синатра, тврди продуцентот. Краткото интервју можете да го видите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑