24 март, 2016

„Тик-так“ е новиот сингл на Слаткаристика и Криско

Познатиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткар во етер го објави најновиот видеоспот за песната „Тиктак“, на која како гостин се појавува бугарската ѕвезда Криско. Песната е со светски звук и со висококвалитетна продукција, а спотот ја раскажува приказната преку повеќе интересни ликови кои се појавуваат во видео записот.

Спотот, кој за помалку од еден ден собра над 40.000 прегледи, е работен во продукција на „Иноватива груп“, во реализација на „Флукс продукција“, текстот на песната е на Слаткаристика, а одличниот звук, музиката и аранжманот на песната ги изработи Иван Јованов во студиото „Јованови“.

с-к



Врати се горе ↑