9 април, 2017

Тијана во српска емисија запеа на македонски

„Сите ме молат да пеам македонски песни бидејќи сум од Македонија. Поздрав за сите во Македонија, ќе отпеам една наша македонска песна“, изјави Тијана Дапчевиќ гостувајќи во емисијата „Хало, хало“ на српската телевизија „Гранд“, каде што ја отпеја познатата „Јовано, Јованке“, која неодамна ја сними и во дует со Американецот Рон Холси.

Подоцна во текот на емисијата, пејачката ги разигра присутните со „Стани моме да заиграш“, а како изгледаше сето тоа можете да видите во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑