Македонија tijana

5 септември, 2017

Тијана во новата сезона на „Твоето лице звучи познато“

Тијана Дапчевиќ е првата позната учесничка во четвртата сезона на популарната емисија „Твоето лице звучи познато“ што ќе започне да се емитува наесен. Познатата пејачка, која во повеќе наврати се докажала и како одлична актерка, дефинитивно има потенцијал да го повтори успехот на нашите претходни претставници, Елена Ристеска и минатогодишниот победник Даниел Кајмакоски. Таа ја најави новата сезона со кусо видео, а пригодата ја искористи да ја изимитира својата колешка Лепа Брена.

 

Покрај Тијана, која и претходно ја поврзуваа со популарната емисија, во новата сезона засега познато е дека ќе учествуваат и српската пејачка Ивана Петерс, босанскиот актер Бранко Ѓуриќ – Ѓуро и Едита од групата „Министарке“.



Врати се горе ↑