Аудио tijana-vokal5-kisobran-videostill

15 мај, 2014

Тијана во дует со групата Вокал 5: Слушнете ја „Кишобран“

Нашата евровизиска претставничка за годинава, Тијана Дапчевиќ, по враќањето од Копенхаген продолжува со нејзините обврски, а првата песна која ќе ја слушнеме по евровизиската „To The Sky“ е темата насловена „Кишобран“ (Чадор). Со текст на Леонтина Вукомановиќ и музика од Владимир Граиќ Граја, „Кишобран“ е соработка на Тијана и групата Вокал 5, а ќе биде изведена на претстојниот фестивал „Пролет во Белград“, кој ќе се одржи на 18 мај.

Фронтменот на групата Вокал 5, Милош Марковиќ за српски Курир изјавил дека е многу горд на оваа соработка со Тијана: „Многу сме почестени што ќе настапиме со Тијана Дапчевиќ. Таа е одлична пејачка, позитивна личност и се надеваме дека и понатаму одлично ќе соработуваме со неа. Беше многу интересно да се работи на песната, Влада и Леонтина се одличен тандем. Песната е позитивна, полетна и навистина пролетна! Набрзо по фестивалот ќе снимиме и видео запис“, додал Милош, а како звучи нивниот „Кишобран“ можете да слушнете во продолжение.

 

Извор: Курир.рс



Врати се горе ↑