Балкан 10440280_10152074995641036_1856359527764522110_n

9 јуни, 2014

Тијана со „Кишобран“ победи на фестивалот „Пролет во Белград“

Изминатиов викенд во српската престолнина се одржа фестивалот „Пролет во Белград“, а за победа се натпреваруваа 15 изведувачи. Со темата насловена „Кишобран“ победи нашата овогодишна евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ заедно со групата Вокал 5. Песната е авторско дело на Владимир Граиќ Граја (музика) и Леонтина Вукомановиќ (текст).

Тијана изјави дека не ја очекувала оваа победа и дека е почестена што е прв победник на овој нов белградски фестивал. Дваесет проценти од приходот од влезниците на овој фестивал ќе бидат донирани за хуманитарна помош за загрозените од поплавите во Србија. Како изгледаше нивниот настап можете да погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑