Балкан tijana_dapcevic_muzika6

12 ноември, 2012

Тијана размислува за второ дете

Пејачката Тијана Дапчевиќ која веќе тринаесет години е во брак со српскиот бизнисмен Милан, во едно интервју кое неодамна го даде за еден спрски медиум, изјави дека размислува и за второ дете. Синот Вук, околу кој во моментот е насочена целата нејзина енергија, најверојатно во блиска иднина ќе добие братче или сестриче. Пејачката веќе размислува за проширување на семејството и смета дека сега е погоден момент за да се случи такво нешто. „Син ми нема да биде единец“, рекла пејачката. Во однос на воспитувањето на децата, таа и нејзиниот сопруг го учат Вук на сите животни вредности и со него разговараат како со возрасен човек.

Вук кога ќе порасне, сака да биде диригент. Изразува желба да свири на клавир и да пишува приказни за деца. Тој е сигурен дека ќе биде ѕвезда“ – открила Тијана, додавајќи дека син ѝ е бистро дете кое знае што сака.

Пејачката моментално е посветена и на интензивни тренинзи , сè со цел да го доведе своето тело до совршенство, а трудот и тоа како ѝ се исплаќа. Тијана изгледа подобро од кога било, а строгиот режим на исхрана и редовното тренирање се заслужни за трансформацијата.
Јадев како луда. Во последните неколку месеци се откажав од тој порок, кој верувајте за мене беше како хероин и сега се чувствувам одлично“ – кажала Тијана која уште додала дека во моментов животот не може да си го замисли без теретана.

Дапчевиќ работи и на новиот албум кој треба да излезе кон крајот на годинава, а новиот музички материјал ќе биде многу поразличен од она на што досега сме навикнале да го слушаме од неа.



Врати се горе ↑