Балкан Tijana

22 октомври, 2012

Тијана наскоро со нов албум

Иако пред извесно време сметаше дека нов албум нема да и’ се исплати, сепак Тијана се реши да го снима. Деновиве таа е во студиото кое што неодамна го отвори во нејзниот стан, каде што ги подготвува песните за нејзиниот шести албум. Таа изјави дека албумот ќе излезе до крајот на годината.

Дапчевиќ, во едно итервју призна дека во последно време станала зависник од апликацијата Инстаграм и дека се чувствува како фотограф. Иако веќе извесно време нема запеано на македонски, се надеваме дека повторно ќе имаме можност да слушнеме барем една македонска песна од Тијана. На прославата за Денот на независноста на Македонија, Тијана беше дел од манифестацијата каде што настапи со еден од нејзините хитови „Шума диско“, а ние во продолжение можеме да го погледнеме видео записот за нејзиниот последен хит „Опет Београд“ (Повторно Белград).

 



Врати се горе ↑