Македонија

26 септември, 2018

Тијана наскоро ќе ги претстави своите „Километри“

По пауза од речиси година и половина, Тијана Дапчевиќ конечно ќе ја претстави својата нова песна, за која деновиве се снима и екранизација. Станува збор за српска верзија на велигденскиот мегахит на Лозано, „Километри“, а според фотографиите споделени на Инстаграм, се чини дека мултиталентираната пејачка, актерка и водителка едвај ќе ја препознаеме…

Иако „Километрите“ доаѓаат доста долго по последната објавена песна „Ресет“, чија премиера се случи во март минатата година, Тијана во меѓувреме беше доста зафатена и со други проекти, како што се учеството во популарната емисија „Твоето лице звучи познато“, каде што за малку не успеа да победи, но и со својата емисија „Вечер со Тијана“ на 1 тв.

Додека ја очекуваме премиерата на новата песна, потсетете се како звучеше нејзиниот последен сингл „Ресет“. Уживајте!



Врати се горе ↑