Балкан 159779-32

21 ноември, 2012

Тијана, Марина и Гоца против насилството врз жените

Фотографијата на која се наоѓаат пејачките Тијана Дапчевиќ, Гоца Тржан и Марина Тадиќ со модринки на лицата, ги шокира сите додека не сфатија дека се работи за сценска шминка и дека тие го направија тоа со цел да го насочат вниманието на насилството врз жените.

Тржан која и самата била жртва на вакво насилство, изјавила: „Драги дами, и мене ми се случи истото, па успеав да побегнам! Верувајте ми, не ме болеше помалку од вас! Секој може да се спаси ако има доволно сила и ако доволно го сака тоа!“

Непосредно пред 25-ти ноември, Меѓународниот ден на борбата против насилството врз жените, овие познати дами сакаа да испратат порака до јавноста дека овој тип на насилство кое најчесто потекнува од партнерите на жените, мора да биде запрено.

Инаку, овие фотографии се појавија само неколку дена по трагедијата која се случи во Нови Сад, кога на смрт беше претепана манекенката Владислава Червенко.

Извор/фото: Svet.rs



Врати се горе ↑