15 јуни, 2015

Тијана ќе Ви каже што е „Паранемија“!

Нашата минатогодишна евровизиска претставничка, Тијана Дапчевиќ деновиве нè почести со нов хит насловен „Паранемија“, чии автори се Драган Брајовиќ – Браја (музика и текст) и Марко Кон (аранжман), а продуцирана е во „Студио 3000“. 

„Идејата на режисерот Дејан Милиќевиќ беше спотот да биде провокативен, но песната воопшто не е таква. Таа обработува еден социолошки феномен,односно дијагноза од која боледува целата нација а се нарекува ’паранемија’. Сфатив дека сакам песни кои испраќаат некаква порака. Спотот само ја дополнува целата приказна и сигурна сум дека ќе го најде својот пат до слушателите, но и кај оние кои музиката ја гледаат само низ видео спотовите“, изјави Тијана.

Видео записот во режија и реализација на Дејан Милиќевиќ е збогатен со анимациите од Марко Николиќ, а за Тијана да изгледа прекрасно, како и секогаш, се погрижи Александар Ѓикиќ. Што е тоа „Паранемија“ дознајте горе. Уживјате!



Врати се горе ↑