Македонија tijana

1 февруари, 2016

Тијана ќе ги имитира колегите во „Твоето лице звучи познато“

Во популарното шоу „Твоето лице звучи познато“, минатата година првата македонска претставничка беше Елена Ристеска, чии изведби и го донесоа високото 2. место, а во новата сезона колегите ќе ги имитира уште една позната Македонка. Станува збор за Тијана Дапчевиќ, која уште полесно ќе се снајде во оваа улога благодарение на актерското искуство што го стекна играјќи во повеќе театарски претстави во Србија.

„Тијана веќе некое време преговараше со продукцијата, но сега е веќе извесно дека ќе биде дел од овој проект. Луѓето кои работат на оваа емисија кај нас, сметаат дека таа би била одличен натпреварувач бидејќи е многу забавна, позитивно луда и умее да ги насмее гледачите“, открил извор близок на пејачката за српското списание „Ало“.

Тијана, која во моментов е актуелна со соработката со „Фрајлите“ за темата „Животе крени“, наскоро ќе го претстави и дуетот со Павле Дејаниќ, а песната насловена „Љубомора“ ќе биде објавена наскоро.



Врати се горе ↑