2 октомври, 2017

Тијана како Здравко Чолиќ во „Твоето лице звучи познато“

По неколкумесечните најави и официјално започна четвртата сезона на регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“, кое за разлика од останатите забавни емисии има хуманитарен карактер. Споредено со минатата сезона, на сцената на ТЛЗП имаше доста промени, од водителката, па сè до членовите на жирито, кое го сочинуваат: Андрија Милошевиќ, Бранко Ѓуриќ и Александра Радовиќ, а како гостинка во жири беше актерката Христина Поповиќ.

Како што е познато, единствена Македонка во оваа сезона е нашата Тијана Дапчевиќ, чија прва задача беше да го имитира својот славен колега Здравко Чолиќ, изведувајќи го неговиот хит „Главо луда“. Целосно непрепознатлива, со сменето лице, коса, стајлинг како Чола и секако умешно модифициран вокал, Тијана одлично го започна ова интересно патешествие, а во имитацијата облечени во розови фустанчиња и се приклучија и Жељко Сашиќ, Скај Виклер, Чипи и Неша Бриџис, кои беа дел од претходната сезона на ТЛЗП.

По настапите на секој од учесниците,  следуваше и бодувањето на секој од нив од страна на жирито, а потоа и секој сам гласаше за еден од натпреварувачите каде Тијана доби пет поени од Беби Дол. Иако не победи, Тијана Дапчевиќ котираше високо на табелата, а со својата импресивна глума, маска и секако глас, веруваме дека во следните изданија ќе го освои чекот од 1.000 евра што ќе го донира во хуманитарни цели.



Врати се горе ↑