27 ноември, 2017

Тијана како Тејлор Свифт во новата епизода од ТЛЗП

Во најновата епизода од популарната емисија „Твоето лице звучи познато“, Тијана Дапчевиќ доби задача да ја имитира познатата американска пејачка и авторка Тејлор Свифт, а на сцената беше речиси комплетно рекреирано видеото за повратничкиот сингл „Look What You Made Me Do“, со кој некогашната кантри музичарка го најави актуелниот албум „Reputation“.

И за овој настап Тијана доби само пофали зборови од жирито, а по завршувањето на точката таа откри дека највозбуден за оваа улога бил нејзиниот син Вук, кој прв се понудил да ѝ помогне за полесно вокално да ја совлада Тејлор и била шокирана како тој ја пее од почеток до крај. Како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑