9 октомври, 2017

Тијана како Лејди Гага триумфираше во „Твоето лице звучи познато“

Втората епизода од популарното шоу „Твоето лице звучи познато“ ја обележаа многу смеа и забава, но и одличен настапи кои го воодушевија жирито, а атмосферата најмногу ја загреа Тијана Дапчевиќ и манекенките кои настапија со неа.

Тијана овој пат ја имаше улогата на Лејди Гага, изведувајќи го хитот „Milion Reasons“, кој го изведе на ревијата на „Викторија сикрет“ во 2016 година. Полуголите манекенки оставија посебен впечаток кај Андрија, а тоа го забележаа и останатите членови на жирито.

„Лејди Гага е одлична пејачка и неверојатен шоумен, а посебно оваа песна која е огромен хит, многу е тешка за пеење и морав да се намачам“, беше искрена Тијана, која одлучи наградата од 1.000 евра да ја донира во Центарот за лица со посебни потреби во Скопје, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑