21 ноември, 2017

Тијана како Цезар во евровизиското издание на „Твоето лице звучи познато“

Евровизија“ беше темата во последната епизода од популарната емисија „Твоето лице звучи познато“, каде што учесниците имитираа дел од најпопуларните и највпечатливи изведувачи во историјата на фестивалот. Кончита Вурст, Марија Шерифовиќ, Руслана, Жељко Јоксимовиќ, Тајчи и „Лорди“ беа само дел од ликовите што настапија во шоуто, а нашата Тијана Дапчевиќ уште еднаш ја видовме во улога на маж.

Имено, пејачката доби задача да го имитира контроверзниот контратенор Цезар, кој со темата It’s My Life ги бранеше боите на Романија во 2013 година, освојувајќи го 13. место во финалето. Иако нејзиниот настап беше одличен, сепак победата во оваа епизода му припадна на Леон, чија имитација на босанскиот пејач Лака и неговата „Покушај“ освои најмногу гласови.

Како изгледаше и звучеше Тијана како Цезар можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑