Балкан тијана1

6 ноември, 2017

Тијана како Беби Дол во новата епизода на ТЛЗП

Во најновата епизода на популарното шоу „Твоето лице звучи познато“ победи Мира Шкориќ, додека пак сцецијална гостинка во жирито беше Марија Шерифовиќ. Единствената Македонка оваа сезона, Тијана Дапчевиќ овој пат имаше задача да ја имитира Беби Дол и сите ги потсети на омилените песни на Беби „Хајде да причамо од љубави“ и „Мустафа“.

„Мислам дека Тикица беше одлична, ми беше голем комплимент и задоволство, имаше повеќе проби отколку јас во ова шоу од почетокот и мислам дека добро го направи тоа“, рече Беби Дол, која прва ја прашаа за коментар од настапот на Тијана.

tijana1

Жирито, пак, се надоврза дека гледачите можеби на забавена снимка ќе забележат каква незгода ѝ се случи на Тијана, а она што беше забележливо е дека вториот костим кога ја пееше „Мустафа“ за малку не ѝ падна.

Инаку, на својот Инстаграм Дапчевиќ напиша дека ѝ било чест што ја имала улогата на Беби Дол и дека добила зелено светло да ја преработи „Мустафа“, која воедно ѝ била омилена, а како изгледаше сето тоа во вчерашната епизода на ТЛЗП можете да погледнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑