21 август, 2014
Тијана и Тамара со фолк верзија на макфестовската „Тажна љубов, среќна песна“
Песната која стана најголемиот хит од овогодишното издание на фестивалот „Макфест“, темата „Тажна љубов, среќна песна“ од Тамара Тодевска доби и кратка фолк верзија. Имено, по сличната „преработка“ на евровизиската „То Тhe Sky“, познатите сестри решија и овој голем хит да го испеат на традиционален начин, а како звучи сето тоа можете да погледнете горе.
Двете пејачки ќе настапат во рамките на фестивалот „Пиволенд 2014“, кој започна синоќа, а ќе трае 5 дена. Тијана ќе настапи вечерва, а настапот на Тамара е предвиден за утревечер. Кој сè ќе настапи на овогодишното издание на фестивалот можете да се потсетите овде.