Балкан

10 октомври, 2018

Тијана ги претстави своите „Километри“

По пауза од речиси година и половина, Тијана Дапчевиќ конечно се враќа со нова песна и видео. Станува збор за српска верзија на велигденскиот мегахит на Лозано„Километри“, чиј автор на музиката и аранжманот е Лазар Цветкоски, а новиот текст на српски јазик е на Милан Милетиќ. И двајцата соработуваат со Тијана за првпат.

„Песната ја слушнав во автомобил кога доаѓав за Велигден во Скопје и веднаш му се јавив на Лозано да го прашам дали ќе му пречи ако ја препеам на српски“, откри Тијана во неодамнешно гостување во емисијата „Ексклузив на 1 ТВ.

Текстот не е баш препев од оригиналот (потпишан од Магдалена Цветкоска). Се зборува за тоа што секогаш на некого нешто или некој му недостасува. Сведоци сме на тоа дека не само во оваа земја и во земјата во којашто живеам и творам, сите некако живееме во минатото, никој не гледа што ќе се случува во иднина, постои само сегашноста… ете тоа го опеав“, објасни таа, додавајќи дека смета оти после оваа песна ништо нема да биде исто.

Во создавањето на „Километри“ како придружни вокали учествуваа и самиот Лозано, Магдалена Цветкоска и Лазар Цветкоски, а гостуваат и Димитар Андоновски на виолина и Сирта Сакс на кларинет. Сето тоа е дополнето и со соодветна визуализација што ја изработи екипата на продукцијата „Сторителер“, под режисерската палка на Антонио Павловски, а како изгледаат и звучат новите „Километри“ на Тијана дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑