Балкан tijana

2 декември, 2012

Тијана Дапчевиќ: Некултурно е да си дебел на сцена

Сека изгледот на пејачите е важен, потврди и пејачката Тијана Дапчевиќ. Таа смета дека треба да се води сметка за линијата, затоа редовно оди во фитнес клуб, а ја пофалила и Ријана која „не излегува од таму“.

„Мислам дека не е културно да си дебел на сцена. Многу е важно како изгледаш. Веќе извесно времепубликата обрнува внимание на изгледот на пејачите“ – рекла Тијана во емисијата „Во тренд“ на телевизијата Пинк, додавајќи дека има и малку покрупни изведувачи, но тие се многу квалитетни во нивната работа, а таа многу ги цени и почитува. Дапчевиќ води сметка за нејзината исхрана: „Еднаш до два пати неделно јадам бурек или сарма, но следниот ден поминувам 7 км на трака“ – додала Тијана.

Извор: svetplus.com



Врати се горе ↑