Аудио

4 февруари, 2019

Тијана Дапчевиќ го прослави роденденот со нова песна

Наместо со роденденска торта, Тијана Дапчевиќ вчера нè почести со нова песна насловена „Презир“, која доаѓа по минатогодишната преработка на „Километрите“ од Лозано, како и по хитот „Ресет“, чии автори се потпишуваат и на новиот сингл. Имено, автор на музиката и стиховите е Александар Делиќ – Динге, а аранжманот го направи Махир Сарихоџиќ.

Имајќи ги предвид бројните аранжмани на мултиталентираната музичарка, актерка и водителка, „Презир“ е трета песна во последниве три години, па се надеваме дека следната нема да ја чекаме до 2020. Како звучи најновото од Тијана Дапчевиќ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑