Аудио

2 јуни, 2019

Тиесто, Џонас Блу и Рита Ора имаат заеднички „Ритуал“

Во текот на целата досегашна кариера, Рита Ора се покажа како одлична соработничка за бројни колеги од различни музички жанрови, а доста често можеме да ја слушнеме како гостинка во синглови на продуценти и диџеи на електро и денс-музика. Таа постигна забележителен успех кога ги здружи силите со имиња како Кајго, Келвин Харис, „Рудиментал“ и Авичи, а сега својот кадифен вокал го позајми за новиот сингл на великаните Тиесто и Џонас Блу.

Станува збор за темата насловена „Ritual“, која е одлично и еуфорично освежување, а речиси сигурно е дека ќе се слуша на сите летни забави ширум светот, дополнително загревајќи ги веќе жешките летни ноќи.

 



Врати се горе ↑