Свет t-boz_chilli

6 ноември, 2012

Се враќаат „Ти-ел-си“?

Како што пренесуваат бројни медиуми, познатиот женски бенд „Ти-ел-си“ (TLC) кој со преку 65 милиони продадени примероци и втор најпродаван женски бенд во историјата (на прво место се Спајс Грлс), за време за доделувањето на наградата за „Извонреден придонес за музиката“ на овогодинешните МОБО доделувања кои се доделуваат во Британија од 1996 година, најавија враќање на музичката сцена. Како што е познато, една од членките на познатото женско трио, Лиса „Лефт Ај“ Лопез, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во 2002 година, шест месеци пред издавањето на (за сега) последниот албум на бендот „3D“.

Кога ја примија наградата, преостанатите две членки Тион „Ти-Боз“ Воткинс и Розанда „Чили“ Томас, потврдија дека веќе некое време во студио работат на новото издание, кое ќе биде претставено на нивната турнеја следната година, а како што пишува британски „Њу мјузикал експрес“, можно е и Лопез повторно да се појави на бина во вид на холограм. Исто така, „Ти-ел-си“ најавуваат и биографски филм за бендот во продукција на музичкиот канал „Ви-ејч-уан“ (VH1).

Извор: Идолатор



Врати се горе ↑