26 јуни, 2013

„Ти-ел-си“ ја добија наградата „Легенда“ на MTV VMA во Јапонија

Познатата женска група „Ти-ел-си“ уште минатата година го најави враќањето на музичкара сцена, а неодамна на јапонските доделувања на музичките видео награди на „Ем-ти-ви“ ја добија наградата „Легенда“ (Legend Award), а кон „тежината“ на ова признание придонесува и фактот што единствениот музичар кој своевремено ја добил оваа награда е Мајкл Џексон.

Како што е познато, една од членките на познатото трио, Лиса „Лефт Ај“ Лопез трагично го загуби животот во сообраќајна несреќна во 2002 година, само шест месеци пред објавувањето на ниниот (за сега) последен албум „3D“. Наградата ја примиле преостанатите две членки од бендот – Тион „Ти-Боз“ Воткинс и Розанда „Чили“ Томас. На оваа манифестација тие изведоа неколку од нивните најголеми хитови како што се „Silly Ho“, „Ain’t 2 Proud 2 Beg“, „What About Your Friends“, „Baby-Baby-Baby“, „Diggin’ on You“, „Unpretty“, „No Scrubs“ и „Waterfalls“, a настапот можете да го погледнете горе.

„Ти-ел-си“ неодамна гостуваа и во новиот сингл на Џеј Кол, за кој наскоро се очекува и видео запис, а како звучи „Crooked Smile“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑