9 септември, 2017

Тие се „Последните селани“ во Македонија што на „Деспасито“ садат жито

Најслушаната песна годинава, ако не и последнава деценија, која преку ноќ стана светски хит на целата  планета, претрпе илјадници трансформации, преработки, обработки, кавер верзии… И кај нас имаше неколку помалку или повеќе успешни обиди. Последниот го направија „Последните селани“ – Плевана & Стеванче. Токму тие ветија: „На ’Деспасито’ ќе садам жито“… и ветеното го исполнија, преточувајќи го ултрапопуларниот хит во уште една македонска, но овој пат хумористична верзија.

Зад музичката продукција застанал Александар Митевски, а забавно-хумористичното видео го режирал Гоце Цветановски, додека дрон оператор бил Тео Ангеловски.

Продуцентите од „Пикадо криејтив колектив“ (Pikado Creative Collective), кои стојат зад проектот „Последните селани“, благодарност за помошта во реализацијата на овој проект им изразиуваат уште на: Силбо фурна, Ресторан Воденица, Драган Спасов – Дац,  Сашко Коцев, Тања Кочовска, Нино Леви, Гаро – Јуниор, Алфонсо

И нагласуваат дека ова не е проект наменет за комерцијални цели, туку само нивно видување на светскиот мегахит, препеан и визуелизиран  во вид на македонска, музичка пародија.

Screenshot_4-6
Извор и фотографии: Вистина.мк


Врати се горе ↑